Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Од:

НАТО можеше да стори повеќе за вооружување на Украина во обид да спречи „руска инвазија“ во 2022 година, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантската алијанса во заминување, Јенс Столтенберг.

„Сега обезбедуваме воен персонал за војна, а порано можевме да обезбедиме воен персонал за да ја спречиме таа војна“, рече Столтенберг во интервјуто објавено денеска од германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Столтенберг укажа на одбивањето на НАТО да обезбеди оружје што Киев го побара пред „целосна инвазија на Русија“ поради стравувањата, како што наведе, дека тензиите со Русија може да ескалираат, пренесува Ројтерс.

Според него, војната во Украина може да се стави крај само на преговарачка маса.

„За да се стави крај на војната, во одреден момент повторно ќе биде потребен дијалог со Русија. Но, тој мора да се заснова на силата на Украина“, заклучи Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина