Српските националисти организираат протест против утрешната геј парада во Белград

Од:

Српската вонпарламентарна партија Двери најави дека утре во Белград ќе организира митинг против српската Влада и против утрешната „Парада на гордоста“.

Лидерот на Двери, Драган Глишиќ, изјави дека денеска во 17 часот партијата ќе организира „Семејна прошетка“ по улицата „Кнез Михајлова“ во Белград.

Според него, ови два настани организирани од „Двери“, треба „да го истакнат значењето на семејните вредности во знак на протест против геј парадата“.

Двери побарале одобрение од полицијата за оддржување на своите собири, но досега се уште не добиле одговор дали протесте им се одобрен.

– Полицијата може да ги забрани нашите митинги, но ние ќе дојдеме, а тие нека применат законски средства, изјави Глишиќ.

Радио Б-92 јави дека геј парадата ќе ја обезбедуваат 6.500 полицајци, што ќе претсавува најголем број ангажирани полициски службеници за еден собир во историјата на српскиот главен град.

Радиото информира дека десет организации најавиле дека ќе организираат протестни митинзи во Белград, во истото време за кога е најавена и „Парадата нз гордоста“. Десничарските движења најавија дека нивните собери ќе се одржат во непосредна близина на маршрутата по која треба да минат учесниците на геј парадата.

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи уште вечерва ќе бидат распоредени на позиции долж белградските улици, за да спречат каков и да било инцидент, посочува радиото.

Според радиото, денеска во 16 часот официјално ќе се знае дали во Белград утре воопшто ќе се одржи геј парада.

„Блиц“ меѓутоа објави дека српскиот премиер Ивица Дачиќ и првиот вицепремиер Александар Вучиќ дале „зелено светло“ за одржување на „Парадата на гордоста“ во Белград.

Според весникот, полицијата по извршената анализа ја проценила безбедноста состјба околу одржувањето на парадата како „благо позитивна“.

Планирано е парадата да почне во десет часот во белградскиот парк „Манеж“, по што учесниците ќе направат круг низ улиците на градот и ќе се вратат во паркот. Полицијата ќе ги проверува посетителите, поради што секој учесник ќе мора да носи лична карта или пасош со кој ќе се идентификува.

Организаторите на геј парадата им препорачуваат на учесниците да носат што е можно помалку предмети, да не се облекуваат во светли бои, да не носат знамиња и транспаренти на движењето, бидејќи ќе им бидат одземени од полицијата на влезот на паркот „Манеж“.

Синдикатот на српската полиција побара од државното раководство да ги заштити сите полицајци што утре ќе ја обезбедуваат парадата и сите учесници на оваа манифестација.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски