Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер пред два месеци го шокираше светот кога призна дека е хомосексуалец.
Братот на Михаел Шумахер веќе две години е во врска со својот партнер Етјен, а сега дадоа и заедничко интервју.
„Оваа хармонија и ова заедништво, исто така, меѓусебното разбирање е нешто што никогаш порано не сум го доживеал“, изјави Ралф за RTL Excluiv.
Етјен се присети на моментот кога поранешната сопруга на Шумахер Кора дознала за нив.
„Кога пристигна, ме праша: Спиете ли заедно? На тоа јасно одговорив: „Да, се разбира, ние сме двојка“.
„Посакувам Ралф да ме вклучи повеќе во својата одлука, бидејќи тоа ќе биде знак дека тој сè уште ме почитува. Кога го објави тоа, ми беше како нож во срцето. Таквата исповед секогаш ги погодува најблиските, вклучително и поранешната сопруга со која имаш дете. По сите тие години брак, се чувствувам како да ги потрошив најубавите години, се прашувам дали некогаш бил искрен со мене и дали некогаш ме сакал затоа му верував и неговиот збор беше како заклетва за мене“, изјави Кора пред два месеци.
Двајцата беа во брак 14 години и го добија синот Дејвид.