СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Од:

Наместо да се повлече од скратената постапка за носење на коруптивниот Закон за кредит и да отвори јавна расправа, во редовна и транспарентна процедура, власта на Мицкоски го турка по секоја цена. За денеска е закажана седница на Комисијата за финансисрање и буџет од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Нема редовна постапка, нема експертска дебата, нема информирање на граѓаните и поминување на сите собраниски филтри. Власта сака набрзина да го истурка скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, велат од СДСМ

„Што сака да сокрие власта на Мицкоски за задолжувањето од 500 милиони евра? Корупцијата којашто ја подготвиле и ја договориле, заедо со провизиите и скриените трошоци. Законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници, нема јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите. Мицкоски едно зборува во говорите а друго прави. Со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година“, велат од партијата.

Мицкоски си испиша корупција на чело.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?