Русија со беспилотни летала го нападна Киев

Од:

Руските сили ноќеска го нападнаа Киев со беспилотни летала од различни правци, а противвоздушната одбрана го одби нападот, кој помина без жртви, изјави шефот на градската воена управа Сергеј Попко.

„Седми воздушен напад на руските окупатори на Киев во септември. Непријателот повторно употреби нападни беспилотни летала, првично од типот „Шахед“… Во Киев тревогата за воздушен напад на главниот град беше објавена три пати и траеше околу два часа“, напиша тој на Телеграм.

Според него, руските сили ги лансирале првите групи дронови пред полноќ, но во текот на ноќта се повеќе беспилотни летала биле лансирани во украинскиот воздушен простор.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски