Путин: Минатата година беа испорачани 140.000 дронови, годинава ќе произведуваме 10 пати повеќе

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе го зголеми производството на беспилотни летала за речиси десет пати до 1,4 милиони оваа година.

„Вкупно околу 140.000 беспилотни летала од различни видови беа испорачани на вооружените сили во 2023 година. Оваа година се планира производството на беспилотни летала значително да се зголеми. Поточно, речиси десет пати“, рече тој на состанокот во Санкт Петербург за развој на производство на дронови.

Војната во Украина главно се води со артилерија и беспилотни летала долж илјада километри тешко утврдено бојно поле каде се борат стотици илјади војници.

И Русија и Украина купуваат беспилотни летала во странство, но го зголемија и сопственото производство на беспилотни летала за низа цели – од уништување складишта за артилерија и оружје до напад на енергетска инфраструктура и воени бродови.

Би можело да ве интересира

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Путин: Неопходен е нов светски поредок

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала