Четворицата млади Срби кои во вторникот беа уапсени во северниот дел на Косовска Митровица денеска беа донесени на распит во судската палата во северниот дел на градот.
Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, претходно денеска изјави дека младите ќе бидат сослушани во јужниот дел на Косовска Митровица за да се избегнат безбедносни ризици, но таа одлука оттогаш е променета.
„Обвинителот побара од судијата да започне судскиот процес. По сослушувањето ќе видиме дали судот ќе одреди едномесечен притвор или домашен притвор“, им изјави Ељшани на новинарите.