Хороскопските знаци во стравот

Од:

Секој знак на Зодијакот ги мачат разни стравови, но најмногу се плашат од болести, губење на слободата, зависност од други, но и дека во животот нема да најдат вистинска голема љубов.

Овенот се плаши да зависи од други

Овенот секогаш во се сака да биде прв, но и баран, па најмногу се плаши дека во животот ќе зависи исклучиво од други. Слабоста и болеста за него претставуваат ултимативен страв, но не може да поднесе ни ако другите го игнорираат или го занемаруваат. Овенот сака да биде херој за своите најмили, а фактот дека тоа не може да биде, го згрозува.

Бикот најмногу се плаши од недостиг на љубов и пари

На бикот најважни во животот му се љубовта и парите, па најмногу се плаши токму од тоа. Тој се плаши од нерамноправност во љубовниот однос, т.е. дека тој ќе биде тој кој повеќе е вљубен и лојален во врската, од неговиот партнер. А освен тоа, страв во коски му влева и недостигот на пари како и промените кои од темел ќе му го менуваат животот, а тој на нив не може да влијае.

Близнаците стравуваат од губење на слободата

Близнаците се плашат од промени исто како и биковите, а најмногу се плашат дека ќе треба да го сменат стилот на животот. Ги плаши губење на слободата на која се навикнати, но и грубата вистина, затоа што сакаат да живеат во сопствен свет кој го скроиле по своја мерка.

Ракот најмногу се плаши да не го загуби семејството

На нежниот и сентиментален рак семејството му е најважно на светот, па не е чудно што најмногу се плаши ако се оттуѓи од најмилите. Тој се плаши дека децата ќе го отфрлат, а исто не може да заборави на убавите моменти од минатото па се плаши од иднината.

Лавот се плаши дека тие што ги сака ќе го изневерат

Лавот се плаши од јавно понижување и губење на позицијата. Покрај љубовта, тој се плаши и дека членовите на семејството и своите најмили нема повеќе никогаш да ги види.

Девицата се плаши од болести

Опседнатата девица се плаши да се соочи со фактот дека не е совршена, но во животот најмногу се плаши од болести исто како и овенот. Таа се плаши дека ќе стане товар на луѓето кои ги сака, т.е. дека нема да може сама да се грижи за себе и своите потреби.

Терезијата се плаши од неодобрување од семејството

Промислената терезија се плаши од нерамнотежа во љубовниот живот, а најмногу се плаши од неодобрување на одлуките на кое било поле од животот од луѓето кои и се блиски. Таа се плаши од конфликти, расправии и проблеми во врската или во бракот во кои исто како ракот бара мирен живот.

Скорпијата се плаши дека слабоста ќе ја искористат против него

Иако често се опишува како најцрн знак на Зодијакот, Скорпијата сепак ја мачат некои стравови. Исто како и лавот, таа се плаши да издаде луѓе кои и се најблиски, а исто така се плаши и дека другите ќе ги откријат нејзините слабости и ќе ги искористат против неа. Исто така, се плаши од интриги зад нејзиниот грб.

Стрелецот се плаши од обврски

Стрелецот е со слободен дух па најмногу во животот се плаши од обврски, но и дека ќе се задоволи и ќе работи работа што не ја сака. Се плаши од планирање и губење на слободата затоа што ја убиваат неговата иновативност, но се плаши и дека ќе го повредат луѓе што не ги сака, најмногу поради неговиот мирољубив карактер и склоност кон простување.

Јарецот се плаши дека другите ќе мислат за него дека е промашен

Упорниот јарец има комплекс од помала вредност и се плаши дека другите ќе мислат дека тој е промашен случај. Тој се плаши дека нема да остави никаква трага на овој свет, т.е. дека со своето делување нема да допре до луѓето и да ги наведе на промени. Освен тоа, јарецот исто како и лавот и шкорпијата се плаши од јавно понижување.

Водолијата се плаши да не ја загуби индивидуалноста

Водолијата ја мачат исти грижи како и близнаците. Таа се плаши од губење на слободата, но и индивидуалноста затоа што не сака да се стопи со масите, туку да биде единствена. Водолијата многу вложува во своите односи, деловни или љубовни, а се плаши дека неговите блиски луѓе едноставно ќе ја заменат и заборават.

Најголем страв за рибите е дека нема да најдат љубов

Романтичните и молчеливите риби се плашат од самотија и одбивање, но и од љубовно проклетство дека никогаш нема да го најдат вистинскиот или вистинската. Се плашат дека во односот целосно ќе се предадат, но дека нема да добијат исто за возврат. Освен тоа, се плашат и дека нивните најмили ќе ги погоди некоја болест, а тие нема да можат да им помогнат.

Би можело да ве интересира

Хороскопски знаци кои „играат според правилата“

Ана Ололовска

Астрологија: 30 ноември е најнесреќниот ден во годинава

Ана Ололовска

Секој шести руски работодавач го гледа хороскопскиот знак на потенцијалните работници

А1он

Три хороскопски знаци кои немаат среќа

Татјана Ташкова

Дознајте што открива вашиот број на раѓање за вас

Наум Локоски

Кои хороскопски знаци ги третираат жените „како кралици“?

Ана Ололовска