Трамп: Мојот најдобар настап во дебатата досега, Харис вели „имаме уште работа“

Од:

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп оцени дека неговиот настап на првата предизборна телевизиска дебата со демократската противкандидатка Камала Харис бил најдобар досега.

-Беше многу интересно и покажа колку се слаби, колку се патетични, рече Трамп веднаш по дебатата на ТВ Еј-Би-Си њуз.

Поранешниот американски претседател нагласи дека дебатата всушност била „три против еден“, алудирајќи на тоа дека модераторите наводно биле на страната на демократката Камала Харис.

Трамп додаде дека не знаел дека пејачката Тејлор Свифт ja поддржала Харис и дека верува дека анкетите покажуваат дека тој добро се претставил за време на дебатата.

Камала Харис, пак, по дебатата најави дека „имаме уште работа“, и дека американскиот народ имал можност да види за што се залагаат кандидатите.

Таа посочи дека поделбите не треба да бидат во фокусот на претседателските кампањи.

Демократскиот американски претседател Џозеф Бајден изјави дека Харис во дебатата докажала дека е „најдобриот избор да ја води нацијата напред“.

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, оцени дека „има само еден кандидат подготвен да биде претседател“ и ги повика гласачите да гласаат за Камала Харис и кандидатот за потпретседател Тим Валц.

Демократската кандидатка Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп се соочија во првата и жестока телевизиска дебата во Филаделфија во вторникот по локално време, натпреварувајќи се за гласови пред претседателските избори во САД во ноември. Главните теми беа економијата и имиграцијата, како и војните во Појасот Газа и Украина.

Би можело да ве интересира

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски