Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис за претседател по завршувањето на претседателската дебата против Доналд Трамп.
Во објава на Инстаграм, поп-ѕвездата рече дека го направила своето „истражување“.
„Ќе гласам за Камала Харис и Тим Валц на претседателските избори во 2024 година“, напиша Свифт и додаде дека „Харис има стабилни раце и дека е надарен лидер“.
„Верувам дека можеме да постигнеме многу повеќе во оваа земја ако се водиме од мирот“, напиша таа.
Свифт ја објави веста со фотографија на која е со мачка и потпиша „Дама мачка без деца“, повикувајќи се на изјавите на потпретседателскиот кандидат на Доналд Трамп, Џ. Венс. Сенаторот од Охајо и десната рака на Трамп, во 2021 година нарече неколку истакнати демократи, вклучувајќи ја и Харис, „куп бездетни жени-мачка кои се мизерни во сопствениот живот“.
Свифт потоа го пофали изборот на Камала Харис за потпретседателски кандидат-Тим Волц, за кој рече дека „со децении се залага за правата на ЛГБТК+, правата на вештачко оплодување и правото на жената на сопственото тело“.