Охриѓанец ранил брачен пар при грабеж на продавница

Од:

Денеска околу два часот, полициски службеници од СВР Струмица го уапсиле Д.С.(45) од охридското село Долно Лакочереј.

„Тој, околу 1.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б.М.(48) и М.М.(46). Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури. По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

16-годишно дете претепало човек за да го ограби – во притвор е, обвинителство поднесе пријава

А1он

Тројца полнолетни скопјани и три деца со пиштол вршеле разбојништво во Градскиот парк

Скопјанец насилно држел девојка од Охрид во викендица во која заедно провалиле

Горан Наумовски

Уапсен ограбувач на обложувалница во Куманово

Горан Наумовски

Полицаец пукал во воздух при апсење на разбојник кој претходно се обидел да украде пари од маркет

Горан Наумовски