Скопјанец насилно држел девојка од Охрид во викендица во која заедно провалиле

Од:

Триесетгодишен жител на Скопје денеска е уапсен поради сомнение дека противправно задржал девојка од Охрид во викендичка во струшко, во која претходно двајцата заедно провалиле, соопшти полицијата.

„Денеска полициски службеници од ОВР Струга го уапсија Ж.В.(30) од Скопје поради сомнение дека во вечерните часови на 15.04.2023 противправно задржал 19- годишна девојка од Охрид, со која се познавале, во викенд куќа во струшко село, во која неколку часа претходно заедно влегле со употреба на сила“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

16-годишно дете претепало човек за да го ограби – во притвор е, обвинителство поднесе пријава

А1он

Тројца полнолетни скопјани и три деца со пиштол вршеле разбојништво во Градскиот парк

Уапсен ограбувач на обложувалница во Куманово

Горан Наумовски

Полицаец пукал во воздух при апсење на разбојник кој претходно се обидел да украде пари од маркет

Горан Наумовски

Притворени разбојници кои ограбиле и истепале кумановец

Приведен разбојник кој со пиштол ограбил магацин и жена во Чаир

А1он