Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, јавува EMSC.
Земјотресот е регистриран во 08:33 часот по локално време, на 10 километри од Жепче, односно 21 километар од Зеница.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Граѓаните во Босна и Херцеговина опишаа како изгледал земјотресот на веб-страницата ЕМСЦ.
„Се тресеше, сите излеговме надвор“, „Краток и силен удар“, „Mе разбуди од сон“, „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“, се само дел од коментарите на граѓаните.