ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Од:

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека ЕУ има докази дека Иран и доставил на Русија балистички ракети и го предупреди Техеран на нови санкции.

„Брисел доби веродостојни информации од сојузниците дека Техеран и доставил балистички ракети на Руската Федерација за употреба во Украина. Ова во суштина претставува материјална ескалација на поддршката на Иран за нелегалната агресивна војна на Русија против Украина“, рече Стано, пренесува Дојче веле.

Тој предупреди дека Европската унија ќе реагира брзо и во координација со меѓународните партнери, „вклучувајќи нови и значајни рестриктивни мерки против Иран“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Насер Канани, во неделата ги отфрли овие тврдења, а високиот командант на Иранската револуционерна гарда Фазлолах Нозари денеска негираше дека Иран и испорачува на Русија ракети кои би можеле да се употребат во војната во Украина, јавуваат иранските медиуми.

Нозари рече дека не биле испратени проектили во Русија и дека таквото тврдење е „еден вид психолошка војна“, објави Ројтерс.
„Иран не поддржува ниту една страна во украинско-рускиот конфликт“, рече Нозари.

Запрашан за извештаите за ракетната одбрана на Иран до Русија, Кремљ рече дека Иран е партнер на Русија и дека двете земји водат дијалог во сите области.

Си-Ен-Ен и Волстрит журнал минатата недела објавија, повикувајќи се на неидентификувани извори, дека Иран префрлил балистички ракети со краток дострел во Русија.

Украина минатата недела објави дека продлабочувањето на воената соработка меѓу Техеран и Москва претставува закана за Украина, Европа и Блискиот Исток и ја повика меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Иран и Русија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски