Кенија побара од меѓународната полициска агенција Интерпол да издаде потерница за апсење Британката Саманта Лутвејт, позната како „белата вдовица“, која, според британската полиција, можно е да била вмешана во нападот врз кенискиот трговски центар во саботата.
Директорот на одделот за криминални истраги во кениската полиција, Ндегва Мухоро изјави дека т.н. „црвена потерница“ за Лутвејт не е поврзана со нападот на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб врз трговски центар „Вестгејт мол“ во кенискиот главен град Најроби, во кој, според властите, беа убиени најмалку 72 лица.
– „Црвената потерница“ нема ништо заедничко со „Вестгејт“. Улогата на Лутвејт во овој акт не е потврдена. По неа се трага по обвинение за поседување експлозиви и заговор за извршување на кривично дело, рече Мухоро.
Според Интерпол, споменатото кривично за кое се товара Лутвејт е од декември 2011 година.