ИДФ: Повеќе од 50 ракети лансирани од Либан кон северен Израел

Од:

Повеќе од 50 ракети беа лансирани од Либан во долините на Галилеја и градот Кирјат Шмон, во северниот дел на Израел, соопшти израелската армија.

Околу 20 ракети биле истрелани меѓу 1 и 2.30 часот по локално време, а според ИДФ, повеќето проектили биле пресретнати од воздушната одбрана, но една зграда во Кирјат Шмона била погодена и оштетена.

Околу 5.30 часот од Либан биле истрелани уште 30 ракети, од кои некои биле пресретнати, додека останатите погодиле отворени области, пишува The Times of Israel.

Во нападот нема повредени.

Одговорноста за нападот ја презеде либанската милитантна група Хезболах, наведувајќи го израелскиот напад врз градот Фрун, во кој загинаа тројца болничари.

Би можело да ве интересира

Речиси целиот свет го осудува планот на Нетанјаху за Газа, вклучително и Израелците

Смотрич најави изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег

Калас го повикува Израел да ги запре плановите за изградба на населби на Западниот Брег

Горан Наумовски

Хамас изрази подготвеност да се повлече од Појасот Газа

Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа

Израел се подготвува за окупација на Газа

Горан Наумовски