„Вашингтон пост“: Голем дел од сириското хемиско оружје може да се уништи побрзо од очекуваното

Од:

Значителен дел од сириското хемиско оружје не е во состојба да биде непосредно употребено и може да биде уништено во пократок рок од очекуваното, објави весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на доверлив американско-руски извештај.

Во извештајот поднесен до Белата куќа од воени експерти, се наведува дека сирискиот арсенал може да биде неутрализиран за девет месеци. Ризикот да биде украден или скриен од терористички групи не е многу голем поради формата во која се чува.

Според експертите, Сирија располага со над 1.000 тони хемиско оружје, вклучително 300 тони иперит.

Останатотo хемиско оружје се состои од течни хемикалии, што се чуваат во форма на два различни продукти кои треба да се измешаат со цел да се употребливи, наведува весникот.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад