Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Од:

Владата објави јавен повик на кои општините може да аплицираат за инфраструктурни капитални проекти. Ова е историски највисок инвестициски циклус кој централната власт го прави за поддршка на локалните самоуправи. Со овие пари ќе се реализираат нови градинки, училишта, улици, атмосферски и фекални канализации, спортски сали, водоводни мрежи и други проекти, се вели во соопштението од владината прес-служба.

„Во ситуација кога гледаме и затекнуваме разурнати, задолжени, ограбени институции и државна каса со која недомаќински е располагано, Владата сега со јасен план и концепт за развој пристапува и нуди решенија во еден од најобемните инфраструктурни потфати во историјата на земјата. Овие проекти се достапни за сите граѓани и ги повикуваме сите општини да аплицираат на јавниот повик. Заинтересираните корисници ќе ги поднесуваат апликативните формулари до Министерството за локална самоуправа – Комисија за постапување по овој јавен повик, во рок од 7 дена од денот на објавување на овој повик. Комисијата врши прибирање на апликативните формулари кои што заинтересираните корисници ги доставуваат до Министерство за локална самоуправа. Комплетната проектна документација по однос на апликативниот формулар, заинтересираните корисници потребно е да ја достават до надлежното министерство во рок 10 дена од денот на доставување на апликативниот формулар до Министерството за локална самоуправа“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата