Летото кое изминува ги собори глобалните рекорди за топлина втора година по ред објави денеска Европската служба за климатски промени Коперник (C3S).
Коперник почнал да ги регистрира временските услови во 1940 година, а тие записи биле користени од научниците за да потврдат дека летото на северната хемисфера – од јуни до август – било најтопло од прединдустрискиот период од 1850 година.
„Во текот на изминатите три месеци, светот се соочи со најтоплите јуни и август, рече заменик директорот на C3S, Саманта Бурџис.