А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

by А1он04/09/2024 - 13:101447
Share0

МВР до Основното јавно обвинителство во Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, кој е осомничен за кривично дело „злоупотреба на службената положба“.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 1.1.2022 до 5.8.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси.

Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари. Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка“, велат од МВР.

krazbamvr

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он28/07/2026 - 15:55

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он25/07/2026 - 18:1225/07/2026 - 18:18

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Горан Наумовски15/07/2026 - 16:53

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео