Влен: Владата дава 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Од:

Се отвора нова ера во образованието на нашата земја со историската инвестиција од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“. Оваа одлука, силно поддржана од целата Влада, претставува значаен пресврт за нашата младина и за иднината на Албанците. Коалицијата Влен не зборува празни зборови како нашите претходници, кои освен со лажење и крадење каде што можеа, ја оставија нашата младина и без перспектива, се вели во соопштението од Коалицијата Влен.

„Овој проект не е само нова зграда – тој е монумент на нашата посветеност кон образованието и развојот на идните генерации. Цели генерации сонуваа за ваков едукативен центар кој ќе го збогати не само знаењето, туку и духот на целата нација. Сега, тој сон станува реалност, создавајќи огниште на знаење и иновации за идните генерации. Оваа инвестиција, иницирана од коалицијата Влен, е силен доказ за нашата посветеност да обезбедиме најдобри можности за образование и личен
развој на нашата младина. Убедени сме дека овој кампус ќе стане главен центар на интелектуален развој и иновации, создавајќи оптимални услови за научни истражувања и академска подготовка на највисоко ниво. Коалицијата Влен ќе продолжи со посветена работа за да донесе проекти кои го збогатуваат образованието и ги зајакнуваат темелите на успешна иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија. Оваа значајна инвестиција е само еден од чекорите кои ги преземаме кон реализација на оваа голема визија“, велат од Влен.

Би можело да ве интересира

Меџити: Вреди ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје

Вреди: По многу години неисполнети ветувања, конечно имаме влада која дејствува

Влен: ДУИ за регионите каде што живеат Албанци не изгради ниту еден крупен инфраструктурен проект

ДУИ: Оваа Влада ги прикрива неуспесите со веќе видени методи – предизборни вработувања во администрацијата

Влен: 20 години ДУИ ја користеше администрацијата како гласачка машина

Влен: Го градиме Коридор 8 за граѓаните

Горан Наумовски