Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Од:

Најмалку 13 лица загинаа на Филипините oткако тропската бура Јаги го погоди источниот град Касигуран во провинцијата Аурора, изјави претставникот за катастрофи Елсон Егарг.

Училиштата и владините канцеларии ќе бидат затворени во вторник во Манила и околните провинции поради очекуваното лошо време. Центарот на бурата беше во крајбрежните води во близина на северниот град Лаоаг во провинцијата Илокос, објави државната метеоролошка агенција Паг-аса.

Бурата има ветрови со брзина од 75 километри на час и се очекува да се движи северозападно над Јужното Кинеско Море. Најмалку седум лица загинаа во Антиполо, источно од Манила, од лизгање на земјиштето и давење, соопштија властите. Четворица се пријавени за исчезнати по лизгање на земјиштето и поројните поплави.

„Потрагата и спасувањето е во тек“, изјави Енрилито Бернардо, службеник за катастрофи во Антиполо.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски