Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во официјална посета на Монголија, која како членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) е должна да го уапси по налог на тој суд.
Официјалната посета, за време на која утре, вторник, ќе се сретне со монголскиот лидер Унагин Хурелсух, е прва посета на Путин на земја членка на МКС откако беше издаден налог за негово апсење под обвинение за воени злосторства во Украина пред речиси 18 месеци.
Украина ја повика Монголија да го уапси Путин и да го екстрадира на судот во Хаг.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, минатата недела изјави дека Кремљ не е загрижен за тоа.
Членовите на Меѓународниот суд се обврзани да ги приведат осомничените доколку е издаден налог за апсење, но Судот нема механизам да ги принуди на тоа.
Путин и монголскиот лидер во вторник ќе присуствуваат на прославата на победата на советските и монголските трупи над јапонската армија во 1939 година.
Монголија, ретко населена земја меѓу Русија и Кина, во голема мера зависи од Русија за гориво и електрична енергија и од Кина за инвестиции во нејзината рударска индустрија.
Иако Путин се соочи со меѓународна изолација поради неговата инвазија на Украина, тој ги посети Северна Кореја и Виетнам минатиот месец, а двапати ја посети Кина во изминатата година. Претходно беше и во Иран.