Мицкоски: Нема никаков основ за интерпелација на претседателот на Собранието

Од:

Нема никаков основ за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, смета премиерот Христијан Мицкоски. Во одговорот на новинарското прашање за утрешната интерпелација на Гаши, Мицкоски е дециден дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таква интерпелација.

– Апсолутно, нашиот став е јасен како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши. Ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека имаат голем број аргументи, зошто не ја поддржуваат интерпелацијата за претседателот на Собранието, Гаши.

– Затоа што разликата на водењето на Македонија меѓу оваа Влада и онаа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е огромна, односно тоа веќе и се чувствува и насекаде можете низ Македонија да забележите дека надежта кај граѓаните е дека конечно ќе успееме, дека доста се порази и дека конечно ќе почнеме да победуваме, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на првиот училиштен ден во ООУ „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи

Горан Наумовски

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

(ВИДЕО) Филипче: Зошто не дозволувате декласификација на сите материјали поврзани со случајот со АНБ?

(ВИДЕО) Мицкоски: Коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на овие локални избори

Опозицијата ќе шири шпекулации и невистини во текот на кампањата, вели Мицкоски

Горан Наумовски

„Македонско најдобро“ е кампања за поттик на домашното производство, вели Мицкоски