Путин: Провокацијата во Курск не ја спречи руската офанзива во Доњецк

Од:

Украинската провокација во Курск не го спречи напредувањето на руската армија во Доњецк, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека Русија напредува исклучително брзо во регионот на Доњецк.

„Сега не зборуваме за поместување двесте или триста метри напред, туку зборуваме за квадратни километри“, посочи Путин и додаде дека руските вооружени сили одамна немаат вакво офанзивно темпо во Донбас. пренесува РИА Новости.

Рускиот претседател посочи и дека Москва не може да дозволи во близина на земјата да се создадат „непријателски структури кои прават агресивни планови против неа и постојано се обидуваат да ја дестабилизираат Русија“.

Би можело да ве интересира

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“