Њујорк: Средба на Попоски со неговите колеги Вигенин и Венизелос

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како дел од делегацијата на Република Македонија предводена од премиерот Никола Груевски, покрај учеството на генералната дебата на 68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Кристиан Вигенин.

На средбата, соопшти денеска МНР, двајцата министри се осврнале на актуелните политичко-економски прашања, состојбите во регионот и можностите за продлабочување и унапредување на односите, преку  реализирање конкретни проекти што се од интерес на граѓаните од Македонија и Бугарија. Акцент бил ставен на европската перспектива на регионот, која може да биде реалност само преку отворен дијалог и соработка. Двајцата министри, се подвлекува, се согласиле дека би можело наскоро да има средба на Мешовитиот комитет за економска соработка.

Министерот Попоски исто така остварил средба и со грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос. Притоа, тој ја нагласи подготвеноста на Република Македонија за интензивирање на дијалогот со Република Грција со цел изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за разликата за името.

По средбата, министерот Попоски објави на Твитер: „Ставовите од југот се основа на проблемот. Немаме никакво убедување дека има желба да станат дел од решението. За се може да бидеме партнери, за спорот меѓу нас се планини”.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија