Петте постојани земји-членки на Советот за безбедност на ОН постигнаа договор за предлог-резолуцијата за Сирија, со која се предвидува уништување на сириското хемиско оружје, соопшти доцна синоќа британскиот амбасадот при Светската органзиација, Марк Лајал Грант.
– Велика Британија, Франција, САД, Русија и Кина постигнаа договор за обврзивачка и применлива резолуција, наведе Грант во соопшрение објавено на неговиот налог на Твитер.
Во исто време, француската мисија при ОН инфромира дека на затворена седница на Советот за безбедност, Велика Бриранија ќе ги инфромира останатите 10 земји-членки на ова тело на Светската организација за содржината на договорената предлог-резолуција.
– Предлог-резолуција за хемиското орижје ќе им биде претставена на претставмниците на 15-те земји-членки на Советот за бебзедност, се наведува во соопштението на француската мисија, исто така, објавено на Твитер.
Информацијата за постигнатиот договор за предчог-резолуцијата за Сирија, ја потврди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјава за ИТАР-ТАСС.
– Ја усогласивме руско-американската предлог-резолуција која ќе му биде доставена на усвојување на Советот за безбедност на ОН. Очекувам таа да биде одобрена и од Организацијата за забрана на хемиското оружје, изјави Лавров.
Според него, во утврдениот текст на резолуцијата не се предвидува примена на мерки на сила врз основа на Поглавјето 7 од Повелбата на ОН, со кое се регулира воведувањето на санкции и употребата на сила.
Американскиот државен секретар Џон Кери пак изјави дека САД не се откажале од евентуланата употреба на сила против Сирија, иако таа можност нема да биде спомената во договорената предлог-резолуција на Советот за безбедност.
– Не се откажавме од заканата, иако таа не е дел од оваа резолуција и од овие преговори, изјави Кери во интервју за Си-Би-Ес.
Постојаниот претставник на Австралија во ОН, кој е и претседавач со Советот за безбедност во текот на септември, Гери Квинлен соопшти дека најавената средба на ова тело зад затворени врати ќе се одржи во текот на денешниов ден.
Квинлен не прецизира дали на оваа седница земјите-членки на Советот за безбедност на ОН само ќе се запознаат со содржината на предложената резолуција или пак и ќе гласаат за нејзино усвојување.
Постојаниот претставник на Русија при ОН, Виталоиј Чуркин, меѓутоа, најави дека доколку Организацијата за забрана на хемиското оружје ја потврди предложената содржина на резолуцијата, тогаш Советот за безбедност би можел да се произнесе по неа уште денеска.