Пожар во техничкиот оддел на московската рафинерија по соборувањето на украинскиот дрон

Од:

Делови од уништеното украинско беспилотно летало го оштетиле специјалниот технички оддел на Московската рафинерија за нафта (МОР), по што пламнал пожарот, изјави денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Едно соборено беспилотно летало оштети посебна техничка просторија на Московската рафинерија. Пожарот се гаси“, објави Собјанин, пренесува агенцијата Интерфакс.

Собјанин претходно објави дека руската воздушна одбрана уништила десет беспилотни летала, од кои едното е соборено во реонот на рафинеријата во Москва, нагласувајќи дека „нема штета или жртви и нема опасност за работата на рафинеријата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП