Серија земјотреси го погодија Крит

Од:

Три одделни земјотреси со јачина нешто повеќе од три степени според Рихтеровата скала вечерва се случија во близина на грчкиот остров Крит.

Првиот земјотрес бил со интензитет од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓа на 70 километри југоисточно од Гудурас.

Длабочината на земјотресот е проценета на 6,4 километри, пренесува грчки „Проњуз“.

Вториот земјотрес бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала и се случил на 48 километри југоисточно од Гудурас, додека длабочината била проценета на 9,8 километри.

Третиот земјотрес бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала и се случил на длабочина од 5,6 километри.

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

(ВИДЕО) Се спасија девојчиња заробени под рушевините во Мјанмар

А1он

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 2.056, а повредени се над 3.900 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ

Уште еден силен земјотрес, бројот на загинати надмина илјада

ВИДЕО: Снимен моментот на земјотресот во породилиште во Мјанмар