Германија бара промени: Шолц најави разговори

Од:

По смртоносниот терористички напад со нож од Сириец во Солинген, и владата во Берлин и опозицијата сметаат дека се потребни промени во миграциската политика.

Канцеларот Олаф Шолц сега најави разговори за тоа со властите на германските покраини и со опозициските демохристијани.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер „наскоро ќе покани по еден претставник од претседавачите и копретседавачите на Конференцијата на премиерите на провинциите, претставниците на најголемата опозициска партија и надлежните федерални министерства за доверливи и насочени дискусии на оваа тема“, рече Шолц по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Берлин.

Во тие разговори, како што рече, ќе се разговара за депортирање на одбиените баратели на азил и за законот за поседување оружје. Тој додаде дека ќе се почитуваат и предлозите на покраините и на демохристијаните.

Иако бројот на депортации на илегални мигранти од Германија во првата половина од годината во однос на минатата година е зголемен за повеќе од една четвртина, сепак тој не е ни приближно доволен, нагласи Шолц.

„Затоа Владата ќе продолжи со напорите за натамошно ограничување на нерегуларната миграција. Тука спаѓаат и новите законски мерки кои од минатиот викенд интензивно ги усогласуваме во Владата. Тоа се пред се заострување на правото на поседување оружје и мерките кои се однесуваат на правото на престој, а пред се дополнителното олеснување на депортацијата“, рече Солц.

На состанокот во вторникот, лидерот на демохристијанската ЦДУ, Фридрих Мерц, му понуди на Шолц поддршка од најголемата опозициска партија за итно усвојување закони за спречување на нерегуларната имиграција.

Мерц нуди договор за збир на закони што Социјалдемократите (СПД) и ЦДУ на Шолц можат да ги протуркаат во Бундестагот без нивните помали коалициски партнери, Зелените и либералната ФДП.

Би можело да ве интересира

Непопуларниот германски канцелар е избран од партијата да се кандидира за втор мандат

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Разговараа Трамп и Шолц

Катерина Ѓуровски

Шолц го повика Иран да го прекине „циклусот на ескалација“ по израелските напади утринава

А1он