(ВИДЕО) Јанчева: Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да се набават нови автобуси за ЈСП „Скопје“ . На денешната седница на Советот на Град Скопје, сите советнички групи гласаа „за“, а само советниците на ДПМНЕ не гласаа за одлуката, за набавка на нови автобуси, рече Љубица Јанчева од СДСМ.

Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ, и со ова уште еднаш покажаа дека не само што не им е грижа за граѓаните , туку продолжуваат да ги малтретираат граѓаните, рече Јанчева.

– Иако беше образложено зошто БРТ е најдобриот концепт за Скопје и тој не победи, ќе прашам, 250 автобуси кои ги ветивте каде се ? Бесплатниот јавен превоз каде е? Што е и со програмата за модерно Скопје, ја имате ли? Ако ја имате, зошто не ја реализирате? Она што ќе ви каже Мицко, вие само за тоа гласате – рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

Јанчева: Советниците на СДСМ ќе ги гласаат одлуките за клучните проекти за Скопје

(ВИДЕО) Јанчева: СДСМ ја поддржува одлуката за субвенции на ЈСП, одговорноста за хаосот е кај ДПМНЕ

Јанчева: Половина мандат на ДПМНЕ во Скопје, нема бесплатен превоз a ЈСП е пред колапс

Јанчева: Заради „Шпански скали“ од проектот Скопје 2014 се бара отштета од 130 милиони евра