Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ

Од:

Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб е пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Во тек е тет-а-тет средбата по која треба да бидат потпишани два меморандуми за соработка во областа на здравството и образованието, јави известувачот на МИА од Загреб.

Во областа на здравството, соработката меѓу другото, предвидува размена на експерти и советодавни услуги, а во делот на образованието исти услови за школување за македонските и хрватските ученици и студенти.

По средбата со Пленковиќ, премиерот Мицкоски ќе се сретне и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и потпретседателот на хрватскиот Сабор Жељко Реинер.

Во фокус на разговорите се евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка на тој пат, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка, особено на економски план.

Во состав на владината делегација се и министрите за образование и наука, за здравство и за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Уште нема одговор на барањето за средба од Софија

А1он