ВИДЕО: На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу 30 минути

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. Според камерите на преминот Прешево-Табановце, има колони во двата павци и за влез и за излез од земјава.

Камерите на граничниот премин Богородица, најфреквентниот за влез во Грција, покажуваат помалку возилаа од она што се беше во пикот на летната сезона.

Според АМСМ на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица

ВИДЕО: Не се намалуваат гужвите на границите, најдолго се чека на Табановце-Прешево

ВИДЕО: Колони и чекање на Евзони и Дојран за излез и на Табановце за влез во земјава

Катерина Ѓуровски

Колони возила на „Богородица“ за излез од државата

ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Катерина Ѓуровски