Гаши: Интерпелацијата против мене не е политички издржана, ќе биде прва на дневен ред

Од:

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изјави дека интерпелацијата за него не е политички издржана. Осврнувајќи се на неколкуте забелешки и медиумски написи за него во изминатиот период, но и тврдењата во самото барање за интерпелација, рече дека не направил никаква повреда на секуларноста, како и дека не побарал од никого да бидат прекршени меѓународните или домашните закони.

На денешниот брифинг со новинарите рече дека на седницата на 3. септември ќе ја стави на дневен ред интерпелацијата за неговото работење, и покрај тоа што смета дека барањето не е политички издржано.

„На седницата на Собранието на 3. септември ќе ја ставам на дневен ред и интерпелацијата за мене како претседател на Собранието. Мислам дека ова барање не е политички издржано, но секако ќе има расправа“, рече аши.

– Од никого никогаш не сум барал да прекрши закон, изјави Гаши на првиот брифинг со новинарите по преземањето на фукцијата претседател на Собранието, одговарајќи на новинарски прашања во врска со случајот со косовската претседателка Вјоса Османи и со неговото приватно патување со службени возила на свадба во Косово.

Гаши зборуваше и за уставните измени, за активностите на Собранието, но и за тоа дека коалицијата „Вреди“ треба да прерасне во една политичка партија.

Би можело да ве интересира

Ставот на Гаши за пресудата за лидерите на ОВК бил личен, вели има право на тоа

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Катерина Ѓуровски

Африм Гаши за пресудата во Хаг: Слободно Косово беше најтешката битка, а тие победија

А1он

Предвремени избори нема да има, тврди Гаши

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката