Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Од:

Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Северна Македонија, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, автомобилот со кој управувал 55-годишниот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена.

На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.

Во вториот автомобил заедно со 44-годишната, се превезувале и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, а сите биле пренесени во болница

Причините за несреќата засега не се познати, а започната е прелиминарна истрага.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека осум пожарникари со четири возила интервенирале за извлекување на маж во безживотна состојба и повредена жена од две возила по сообраќајна несреќа кај Неа Санта во пошироката област на Килкис (Кукуш).

Би можело да ве интересира

Се преврте камион на патот кон Косово, утре изутрина можно е да има краткотраен прекин или пренасочување на сообраќајот

Двајца иселеници од Дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Скопјанец со возило удри двајца малолетници, повредените завршија во болница

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

Возило удри во пешак, возачот е во бегство

Автомобил тешко повреди велосипедист, возачот е во бегство