ВИДЕО: Колони и гужви на Табановце-Прешево, се чека и на Богородица

Од:

Продолжуваат гужвите за влез и излез од Земјава преку граничниот премин Табановце-Прешево. АМСМ информираше утрово дека на Табановце има зголемна фрекфенција, но без повеќе детали за времето на чекање. Камерите од српска страна, покажуваа колони и во двата правци.

Се чека и на Богородица. Како што може да се види од камерите на грничниот премин, и овде утрово има поголеми колони.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се вели во информацијата од АМСМ.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски