Левица: Маричиќ продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за поставување на фотоволтаици

Од:

Приватната компанија поставила фотоволтаици над археолошкото наоѓалиште Градиште во Кавадарци, а за тоа добила зелено светло од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија! Станува збор за поставување на панели, како и копање на довод на површина на опфат од фрапантни 0,9 хектари заштитена зона (археолошко наоѓалиште) оттуѓено од Република Македонија со потпис на Бојан Маричиќ, наведуваат од Левица.
​​​
Инвеститор е фирмата „Енерџи меинтененс солушнс“ (ЕМС), дел од конзорциумот „Фероинвест“, во сопственост на поранешниот вицепремиер на СДС, Кочо Анѓушев, управувана од Тодор Анѓушев!

Општина Кавадарци, пак, во август, 2023 добила барање од фирмата (уште пред да го откупи земјиштето) за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на кабелски 10(20) кВ подземен вод!

По стручно мислење на лице од Националниот конзерваторски центар и по мислење од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија дека НЕМА културно наследство на парцелите кои инвеститорот ги бара, Советот на Општина Кавадарци, ја изменува Програмата за изработка на урбанистички планови и ја објавува одлуката за тоа во бр.38 Службен гласник на Општина Кавадараци на 30.8.2023 година, три месеци пред, всушност, земјиштето да биде отуѓено! Одлуката е донесена со еден глас ПРОТИВ од советникот од редовите на Левица, Круме Богевски, и 18 гласа ЗА од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „независните советници“!

Ја повикуваме новоназначената в.д директорка на Управата, Весела Честоева, која до пред два месеца беше директорка токму во Кавадарци, итно и неодложно да излезе во инспекција на фактичката состојба, а потоа Управата да покрене кривична одговорност: против Маричиќ, кој го продал археолошкото наоѓалиште; против претходниот директор на Управата, Аријан Асланај, и стручното лице од Конзерваторскиот центар, кое го издало мислењето!​​​​​, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Нема поголеми „антиалбанци“ од оние кои за лични интереси свесно ги втурнуваат граѓаните во небезбедност

Левица: „Белата палата” со притисоци за создавање на партиски синдикати во претпријатијата

Левица: Противзаконски и неделовнички Ласовска од ДПМНЕ го саботираше Законот за бранители

Левица: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и ДУИ ја задолжија Македонија за шест милијарди евра

(ВИДЕО) Исмаил: Славески е тежок антиработнички елемент и ексминистер кој издал најскапа еврообврзница

Горан Наумовски

Мециновиќ: Народот ќе плаќа, тие ќе возат поршиња во Монте Карло – се задолжуваме за лагите на власта