Новинарите на „Reader’s Digest“ со подметнување на паричник, установиле дека најчесни се жителите на Хелсинки.
Новинарите во 16 градови „загубиле“ вкупно 192 паричници. На 12 локации набљудувале што ќе се случи. „Експериментот“ го изведувале на јавни места, како трговски центри, паркови… Во паричниците пак, оставале по околу 50 долари, кредитни картички, фотографии, имиња и телефонски броеви.
Се покажало дека луѓето во Хелсинки се најчесни бидејќи од 12 „загубени“ паричници, 11 биле вратени. Веднаш по Хелсинки, следел Бомбај со девет вратени паричници, како и Будимпешта и Њујорк со по осум вратени паричници.
Љубљана била некаде на средината на листата, а по неа биле Москва, Амстердам, Берлин, Лондон, Варшава, Букурешт, Рио де Женеиро, Цирих, Прага, Мадрид.
Последен на листата бил Лисабон со само еден вратен паричник, но и него го вратила една повозрасна брачна двојка од Холандија.