Интерпол денеска на барање на Кенија издаде меѓународна потерница за апсење на британската државјанка Саманта Лутвејт (29) позната како „белата вдовица“.
Во соопштение од Интерпол се вели дека Кенија бара Лутвејт да биде уапсена заради „поседување експлозиви и заговор од декември 2011 година“.
Медиуми во светот претходно објавија дека постои можност во опсадата во трговскиот центар во Најроби да учествувала и вдовицата на бомбаш-самоубиец кој загина во напад во лондоснкото метро во 2005 година.