Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс се сретна со косовскиот премиер Албин Курти во зградата на Владата во Приштина.
На средбата присуствуваа и американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер и косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља.
Бурнс вчера се сретна со претседателката на Косово Вјоша Османи.
Пред да го посети Косово, тој престојуваше во Сараево и во Белград.
Според безбедносните експерти, посетата на шефот на ЦИА докажува дека САД се посветени на безбедноста на регионот на Западен Балкан.