Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција

Од:

Починат српски државјанин бил пронајден вчера во Демиркаписко, телото било предадено на обдукција, информираа денеска од СВР Велес.

-Вчера во 11.55 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во Демир Капија, во близина на река Вардар на место викано Арсова Лака, бил пронајден починат В.Д.(82) од Република Србија. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Мртов маж бил донесен во Здравствена установа во село Петровец

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Скопјанец е пронајден мртов во својот дом на Бит Пазар

Во САД е пронајден мртов патник во мотор на авион

Во Зрењанин: Еден мртов во караницата помеѓу двајца познаници

Горан Наумовски

Притворен маж од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад