Поранешен заменик-министер за правда на Русија е пронајден мртов во неговиот стан во Москва

Од:

Поранешниот заменик-министер за правда на Русија, Сергеј Тропин (72), е пронајден мртов во када во неговиот стан во Москва.

Акутна срцева слабост беше причина за смртта на поранешниот заменик-министер за правда на Русија, Сергеј Тропин. Ова беше објавено за ТАСС од медицинските служби.

„Според прелиминарните податоци, причина за смртта на Тропин е акутна срцева слабост“, изјави соговорник за агенцијата.

Според Телеграм каналот 112, телото на Тропин е пронајдено во када во неговиот стан во Москва. Органите за спроведување на законот ги утврдуваат сите околности на смртта.

Тропин беше заменик-министер за правда од февруари 1996 до март 1997 година, за време на владеењето на првиот претседател на Русија, Борис Елцин. Во мај 1996 година, Елцин му ја додели титулата државен советник за правда.

Форензичкиот експерт и патолог Борис Куљбицки изјави за весникот „Газета.ру“ дека кога одеднаш се потопува во вода, пособено во ладна вода, лицето може да доживее срцев или респираторен застој поради стрес. Како што изјави тој, луѓето често умираат на овој начин во када.

Би можело да ве интересира

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Предраг Петровиќ

Песков: Брисел ја затвора вратата за дијалог со Москва

Горан Наумовски

Москва е загрижена од плановите на НАТО

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски