Тешко болниот Ериксон испрати проштална порака: Имав добар живот, а за тоа треба да платиш за тоа

Од:

Свен-Горан Ериксон, поранешен тренер, се бори со терминален рак на панкреасот, кој му беше дијагностициран во јануари. И самиот во своите јавни настапи призна дека не му останува уште многу време за живот, а сега испрати и своевидна проштална порака.

Во документарецот на „Prime Video“, Ериксон открива како се справува со моментот во кој живее, со оглед на тоа дека му останува најмногу уште една година живот.

„Имав добар живот. Мислам дека сите сè уште се плашиме од денот на сопствената смрт, но тоа е исто така дел од животот. Мора да научите да го прифатите тоа. Се надевам дека на крајот луѓето ќе речат – да, тој беше добар човек, но, се разбира дека нема сите да го кажат тоа“, рече Ериксон.

Тој рече дека се надева дека ќе остане запаметен како позитивен човек кој се трудел да направи се што е можно.

“Не жалете, смејте се. Ви благодарам за се. На сите тренери, на сите играчи, на сите навивачи. Беше фантастично. Грижете се за себе и својот живот. И живејте го. Збогум”, рече Ериксон.

Оваа емотивна порака од поранешниот тренер е кулминација на документарниот филм направен од Prime Video, кој е преглед на животот и кариерата на Ериксон што го однесе низ целиот свет.

Во документарецот, Ериксон отворено зборува за неговиот личен живот, како и за неговиот професионален живот и заклучува:

„Мојот живот беше како бајка. Тоа не беше нормален живот. Можеби беше и премногу добар, а за тоа мораш да платиш“, рече тој.

Ериксон ја започна својата тренерска кариера во далечната 1977 година во шведски Дегерфорс, а на врвот на кариерата успешно ги водеше Гетеборг, Рома, Бенфика и Лацио со кои освои осум трофеи, вклучувајќи ја и шампионската титула по 26 години чекање и навивачите на римскиот клуб со право го сметаат за своја легенда.

Исто така, тој беше првиот странец на клупата на англиската фудбалска репрезентација, која ја водеше до три последователни четвртфиналиња на Светското првенство во 2002 година, Евро 2004 и Светското првенство во 2006 година.

Кога ја презеде Англија, Гордиот Албион беше на 17. место на рангирањето на ФИФА, а го однесе до четвртото место.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ