Синоќа во Приштина жена го убила својот девер, по што и се предала на полицијата. Таа кон него испукала шест куршуми од огнено оружје.
„Убиството се случило околу 19 часот и 20 минути на улицата „Исмет Красниќи“. Полицијата веднаш излегла на местото на злосторството, каде започнала истрага“, изјави за Газета Блиц, портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Флора Ахмети.
Таа посочи дека осомничената за делото и се предала на полицијата. Таа додаде дека во тек е распитот на осомничената за расветлување на сите околности на кривичното дело.
Според медиумите, убиен е Џевдет Милаку (60), а за делото осомничена е неговата снаа Назмие Милаку.