(ВИДЕО) Носеше ли Гаши патен налог кога со службено возило отиде по невеста во Косово прашува ЛДП

Од:

Либерално-демократската партија изразува загриженост од континуираното непристојно однесување и злоупотреба на службената положба на претседателот на Македонското Собрание, Африм Гаши.

– Откако неговото обезбедување неодамна успеа да предизвика меѓународен инцидент на Скопскиот аеродром при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи, денеска Гаши повторно е во главна улога, овој пат како сват по невеста, со службено возило во свадбарска колона во соседно Косово. Прашуваме, дали господинот спикер, Африм Гаши, носел со себе патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди по невеста со службено возило надвор од државата? Ако имал, бараме образложение по кој основ е издаден тој налог, за која намена, во кое времетраење и нормално, колку сето тоа нѐ чини нас, од чии даноци и се одржуваат возилата и државниот возен парк, велат во соопштение од партијата.

– ЛДП апелира да престане „каубојското“ однесување на одредени службени лица, претставници на институциите во државата и наместо да мафтаат со пиштоли по аеродроми и да одат на свадби во соседството со службени возила, да седнат и да сработат нешто за доброто на граѓаните и државата. Со единствена цел: спречување на злоупотребата на државните возила, ЛДП предлага сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани (како такси возилата во Град Скопје) или сите да бидат бојадисани со иста боја. Само така, со носење на ваква конкретна мерка ќе може да се намалат злоупотребите во иднина, истовремено намалувајќи го и беспредметното трошење на буџетски средства за приватни и лични намени, порачуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Ставот на Гаши за пресудата за лидерите на ОВК бил личен, вели има право на тоа

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Катерина Ѓуровски

Африм Гаши за пресудата во Хаг: Слободно Косово беше најтешката битка, а тие победија

А1он