(ВИДЕО) Јаревски: Пајазит Пајазит не смее да продолжи да биде судија

Од:

Пајазит Пајазит не смее да продолжи понатаму да биде судија, одговорност за бегството на Рамадани мора да има.Пајазит Пајазити мора да објасни зошто го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, наместо затворски. Истиот знаел дека Рамадани е лице кое може да се даде во бегство и покрај тоа му овозможил шанса за да избега, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

– Пајазит Пајазити е истиот судија кој пресуди условна казна затвор за Иџет Мемети кој призна дека зел поткуп со Наќе Георгиев за да му ја олеснат казната на Боро Марлборо. Внимавајте условна казна за службено лице, заменик претседател на Советот на јавни обвинители, кој требал да спроведува ред, а не да го крши. Истиот Пајазит Пајазити е судијата кој не одредени притвор ниту за лицата кои упаднаа во контролната кула на скопскиот аеродром. Пајазит Пајазити мора да одговара. Одговорност мора да има. За почеток тој треба да биде разрешен, а потоа против него треба да се отвори постапка, за да објасни како во неговите предмети тешки прекршители на законите поминуваат неказнето, со условна осуда или бегаат, речи Јаревски.

Разбираме зошто СДС се премногу вознемирени и исплашени за реформите во судството, затоа што тие први ќе се соочат со одговорност за се што правеле, истана пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.

„Филипче очигледно се води по матрицата на Заев која кога дојде на власт го зема правосудството под свое па мисли дека така функционираат сите. Еве да му кажеме ако не знаел, ВМРО-ДПМНЕ не планира да го земе правосудството под свое. Туку да го земе од криминалните канџи на СДС и ДУИ и да го врати правосудството во рацете на судиите и обвинителите“, рече Јаревски.

Би можело да ве интересира

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја покрива неспособноста со гола пропаганда

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата