Германскиот производител Фолксваген откако одлучи во целот да премине на турбо мотори, соопшти дека работи на твин-турбо „ВР6“ мотор со 500 коњски сили.
Идејата за Фолксваген В-6 не е нова, истиот мотор беше наменет и за концептот Дизајн Вижн ГТИ, каде испорачуваше 503 коњски сили.
Концептот Дизајн Вижн ГТИ од 0 до 100 километри на час забрзува само за 3,9 секунди и има максимална брзина од 300 километри на час.
Сепак, ќе мине доста време додека моторот со 500 коњски сили ќе се најде во сериските модели.