Трет ден огнот го пустоши Гари

Од:

Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари.

Според Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата “Стогово” на ЈП” Национални шуми”.

-Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски за МИА.

Додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од огнот, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.

До сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири, вели Мифтароски.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци