Авионот „Трамп Форс 2“ со Џеј-Ди Венсон беше принуден да се врати на аеродромот по драмата за време на летот. Како што објави Дејли Мејл, авионот морал принудно да слета по дефект во текот на летот во петокот попладне.Според првичните информации, проблемот бил со главната врата од кабината.
Vice Presidential Candidate J.D. Vance’s plane has made an emergency landing at Milwaukee’s Mitchell International Airport. ARFF responded, Trump Force Two landed safely. #jdvance #donaldtrump #trump #maga #makeamericagreatagain #gop #republican #wisgop #milwaukee #wisconsin pic.twitter.com/MaUjuQa27Z
— Asher Heimermann (@AsherHeimermann) August 16, 2024
Изнајмениот авион Боинг 737 беше принуден да се врати во Милвоки, каде претходно истиот ден потпретседателскиот кандидат на Трамп ја посети локалната полиција.
Ова доаѓа само неколку дена откако главниот авион на Трамп исто така мораше да слета поради механички проблеми.
Венс патуваше низ клучните држави со Боинг 737 во последните денови, со клучниот персонал, агентите на Тајната служба и неколку новинари, откако беше именуван за потпретседател на Трамп.
Во петокот отпатувал со сопругата Уша и кучето Атлас.