Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска ги распиша парламентарните избори за 9 февруари 2025 година.
„Редовните избори за Собранието на Косово ќе се одржат на 9 февруари 2025 година“, се наведува во Указот потпишан од Османи и објавен на Фејсбук.
Османи ја повика Централната изборна комисија да ги преземе сите неопходни активности за организирање и одржување на изборите.